| четврток, 6 декември 2018 |

Шутерско шоу на Дурент

Првата виолина на Оклахома Сити Тандер Кевин Дурент осми натпревар по ред постигна над 30 поени. во Синоќешниот меч жртва на „Дурантула“ беше Портланд кој загуби со 105-97. Тој портигна 46 поени и речиси сам беше творец на победата. Кај Портланд Ламаркус Олдриџ даде 29 поени и 16 скока, но погоди само еден шут од осум обиди во последниот период.
Леброн Џејмс ги предводеше „жешките“ од Мајами до нова победа иако неговиот тим губеше со два разлика на три минути до крајот. Леброн постигна 11 поени во последниот период и со вкупни 29 поени беше прв стрелец во победата над Бостон од 93-86. Брендон Бас и Крис Хемфрис дадоа 15 односно 14 поени.
Бруклин Нетс е во одлична серија и полека се искачува до место кое води во плејофот во источната конференција. Тие синоќа победија по осми пат во деветтата средба. Синоќа тие ги победија Орландо со 101-90. Едрју Блеч и Мирза Телетовиќ беа творци на победата со 18 и 14 поени.

Резултати:

Бруклин – Орландо 101-90, Мајами – Бостон 93-86, Њу Орлеанс – Сакраменто 97-114, Оклахома – Портланд 105-97, Јута – Минесота 97-112.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top