
Поп-иконата Мадона повторно ги налути активистите кои се борат за правата на животните. Архитектот Јоакин Торес на својот твитер профил објави фотографии од дневната соба каде што има делфинариум, откривајќи дека тоа може да стане дом на славната пејачка во Дубаи.
Торес е познат по тоа што работел проекти и дизајн за домови на фудбалерските ѕвезди како Роналдо и Зинедин Зидан, но и за актерката Пенелопе Круз и нејзиниот партнер Хавиер Бардем. Веста за тоа дека Мадона во дневната соба ќе има делфини кои ќе служат за забава, ги разбуричка страстите.
Торес објасни дека куќата уште не е изградена, и засега станува збор само за проект, но не негираше дека сопственичка ќе биде Мадона. Активистите за правата на животните го дигнаа својот глас и остро ги осудија, укажувајќи на тоа дека е нехумано да ги држи делфините затворени само за забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


