Претседателот на САД, Барак Обама, имал телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин во врска со безбедноста на претстојните Олимпски игри во Сочи.
Белата куќа информираше дека Обама и Путин дискутирале на тема како е најдобро да се реализираат американско-руските интереси, вклучувајќи ја и безбедноста на Олимписките игри, за што САД веќе понудија помош.
Руските безбедносни служби соопштија дека работат на откривање планирани терористички напади со помош на „црни вдовици“ кои би требало да извршат самоубиствени напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.