| четврток, 6 декември 2018 |

Старата дама се сопна во Рим, Рома го елиминира Јувентус во купот на Италија

Лидерот во Серија А, Јувентус загуби во Рим од Рома со 0-1 и ги заврши натпреварите во италијанскиот куп. Домаќините славеа вредна победа со голот на Жервињо во 79. минута и ќе играат во полуфиналето против подбриот од дуелот Лацио – Наполи.

Рома беше за нијанса подобар противник и заслужено оди понатаму, а патем и му се реваншираше на главниот фаворит за титулата во Калчото, за поразот од 0-3 во првенството.

Во игра за трофејот во националниот куп се и Милан и Удинезе кои играат меѓусебе во Милано и Фиорентина и Сиена кои ќе одлучуваат за патникот во завршницата, задутре, на натпреварот закажан во Фиренца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top