Голема количина од таблетите „вијагра“ исчезнаа од залихите на британската војкса во последните седум години, соопшти Министерството за одбрана на Британија. Како што пренесува агенцијата АФП, од војните залихи исчезнаа 5.800 фунти вредни апчиња за потенција кои војската ги користи за лечење на болести од висина.
Освен „вијагра“ од магацините на британската војска недостигаат и 100 бајонети, делови од пушки и над илјада шаржери со вистинска муниција, како и реплика од автоматската пушка АК-47, која подоцна е пронајдена.
Според пишувањетона „Тајмс“, од војните залихи нема и еден труп на авион камион, опрема за караоке-шоу.
– Кражбите се случуваат секаде, така што и министерството за одбрана не е имуно на оваа појава – ијави портпаролот на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.