Америакнскиот виолинист Филип Квинт е ексклузивен гостин на Македонската филхармонија на концертот во четврток, 23 јануари, насловен како „Симфониски метаморфози“. На концертот ќе диригира како што го нарекуваат најталентираниот млад диригент на
денешницата, Владимир Куленовиќ.
Енергичниот Куленовиќ, кој живее и работи во САД, дебитираше со Македонската филхармонија изминатата година, кој концерт беше високо оценет од публиката и критиката.
Квинт ќе го отсвири драматичниот Концерт за виолина и оркестар бр. 3 од Камиј Сен-Санс.
Критиката за Квинт вели: „Квинт свири со леснотија, блескав тон и брилијантна техника“.
Тој свири на фантастичната виолина „Рубин“ изработена од Антонио Страдивари и на која досега свиреле извонредни уметници како Лејла Јосефович и Вадим Репин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан