Покрај многуте нехристијански потези кои се случија на верскиот празник Богојавление-Водици, се чини како да нема крај на гафовите. Како што објави порталот „Охридњуз“, празникот се одблежал и во детската градинка „Јасна Ристеска“?!
Како што информираат, најмладите имале можност да се запознаат со обичаите и значењето на празникот, за чинот на фрлањето на светиот крст во осветените води. Во градинката имало и свештени лица, како што јавува порталот, а крстот, кој се фрлал во корито, го фатил четири и пол годишниот Матеј Ристески од средната група при централниот објект на градинката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.