| четврток, 6 декември 2018 |

Од септември македонските ученици ќе учат од адаптирани учебници на Кембриџ

ucenici

Македонските ученици од септември ќе учат од учебници на престижниот Кембриџ, кои ќе бидат адаптирани на националните особености на земјата. Станува збор за учебници по математика и природни науки.

Спиро Ристовски, министерот за образование и наука во Лондон учестува на Светскиот образовен форум, кој е глобален самит на министри за образование на 80 земји. Тој денеска имал работна средба со Мајкл О Саливен, генерален директор на Меѓународниот центар за наставни програми во состав на универзитетот Кембриџ.

– Исклучително сум задоволен од досегашната соработка со,  практично, најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од пет до 19 години. Преку нашето Биро за развој на образованието, во моментов работиме на адаптација на нивните наставни програми и учебници по математика и запознавање на околината кои, согласно со договорот, нашите ученици од прво до трето одделение ќе ги добијат во септември годинава. Експертите на Кембриџ се максимално посветени во тој дел. Заклучно со 2016 година македонскиот образовен систем во делот на основното образование ќе биде целосно реформиран по теркот на еден од најсовремените образовни системи во светски рамки – изјави Ристовски.

Светскиот образовен форум во Лондон се одржува од 19-ти до 22 јануари. Тој е најголемиот интернационален собир на министри за образование, на кој се дебатираат идните практики во областа.  Глобалниот аспект на форумот отвора можност за учесниците да ги разгледаат заедничките предизвици, да споделат искуства и позитивни практики, но и да воспостават кооперативен пристап кон образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top