Трансферот на бразилскиот ас Нејмар од Сантош во Барселона деновиве ја тресе Шпанија откако весникот „Ел Мундо Депортиво“ објави дека чини речиси 40 милиони евра повеќе од објавените 57,1 милиони евра. Летоска, по долги преговори, Нејмар пристигна од бразилскиот клуб Сантош во Каталонија и ја засили Барселона.
– Трансферот чини 57,1 милиони евра и ни цент повеќе. Нема да ги откриваме деталите бидејќи така е договорено со другата страна. Тоа е деловна тајна што по ниедна цена нема да ја откриеме – изјави Сандро Росел, актуелниот претседател на Барселона.
Дали ќе има истрага за тоа колку пари се потрошени за да се доведе Нејмар во Барселона и дали има обид да се затаи данок, на што алудираат шпанските медиуми, ќе се знае деновиве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија


