| четврток, 6 декември 2018 |

10 знаци кои покажуваат дека сте среќна личност

Постојат многу фактори што влијаат врз нашето расположение секој ден, било тоа да се проблеми на работа или во приватниот живот, но истражувањата покажуваат дека среќата, во одредена мера, е работа на избор.

Според „Хафингтон пост“, можеби сме посреќни отколку што мислиме, само не сме свесни на знаците кои укажуваат на тоа. И додека некои работи кои ни се случуваат се неизбежни, нашата емотивна состојба не зависи само од надворешните влијанија, па се чини дека сѐ е навистина толку едноставно како што нѐ советуваат евтините книги за самопомош.

Ова се знаците што укажуваат на тоа дали сте навистина среќна личност:

1. Сакате другите да ја делат вашата среќа со вас.

2. Не се вознемирувате за ситни работи.

3. Но, затоа, пак, се радувате на мали работи.

4. Горди сте на туѓиот успех.

5. Свесни сте за важноста на живеење во моментот.

6. Во здрав однос сте (и не само со партнерот, туку и со други луѓе).

7. Кога нешто ќе ве исфрли од такт, знаете како да се смирите.

8. Свесни сте дека парите не се најважната работа на светот.

9. Лесно стекнувате нови пријатели.

10. Сте постигнале некои од своите цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top