Продукцијата на музичкото шоу одлучи да направи промени и зад сцената. Актерот Бане Јевтиќ целосно ја прекина соработката со „Икс-фактор“, наводно поради обврските околу снимање нов филм.
Во втората емисија во живо на шоуто, зад сцената на нашата водителка Снеже Велков наместо Бане, партнер ѝ беше уникатната Уна. Тие две ќе продолжат да ги водат разговорите зад сцената.
Бане Јевтиќ на почетокот беше главниот водител на шоуто, подоцна во првата емисија во живо беше заменет со еден од испаднатите кандидати, Славко Калезиќ, кој пак беше заменет од водителката Ана Михајловски-Грубин.
Според некои од српските медиуми, Бане добил отказ бидејќи не бил доволно добар, но од продукцијата за „Мондо“ велат дека спогодбено ставиле крај на соработката, без никакви недоразбирања.
– Бане Јевтиќ е зафатен со снимањето на филмот „Магија“ и ние се согласивме дека е најдобро да ја прекинеме соработката – велат од продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


