| четврток, 6 декември 2018 |

Путин со порака до хомосексуалците: Добредојдовте во Русија, ние го сакаме Елтон Џон

elton-john

Во Русија е во сила Законот за забрана на хомосексуална пропаганда, па претседателот на таа земја, Владимир Путин, им порача на сите хомосексуалци што доаѓаат во Русија, на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи, кои почнуваат за две недели, да ги остават децата на мира. За да ја ублажи својата изјава, сега вели:

– Хомосексуалците се добредојдени во Русија. Ние, на пример, многу го сакаме и го цениме Елтон Џон, кој мене ми е многу драг пејач – изјави Путин.

Рускиот претседател со причина го избра Елтон Џон. Токму британскиот пејач неодамна, на концерт во Москва, изјави дека законот на Путин ја навредува геј-популацијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top