| четврток, 6 декември 2018 |

Јин и јанг снимен на месечината на Сатурн

Вселенското летало „Касини“ го сними традиционалниот кинески симбол јин и јанг на една од месечините на Сатурн.

Новата фотографија, која ја објави НАСА, ги покажува темната и светлата страна на месечината Јапетус, распоредени така за да личат на кинескиот симбол.

Фотографијата е направена на 30 август, а беше објавена во декември.

– Ова е поглед на Јапетусовата хемисфера свртена кон Сатурн. Сликата е направена под видливо светло и е снимена со камерата на „Касинија“ – велат од НАСА.

Некои научници мислат дека „двете лица“ на Јапетус настанале благодарение на спората ротација на месечината поради тоа што темната страна апсорбира повеќе топлина. Кој било леден материјал што ќе се помеша со топла површина станува гасовит, а потоа се враќа назад во поладните подрачја, што значи дека темната страна станува потемна, а светлата посветла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top