Македонската премиера на најголемиот фаворит на годинешните награди „Оскар“, филмот „Американски измамници“, е закажана за 23 јануари, од 20 часот, во скопското кино „Милениум“. Потоа останува во истиот термин на репертоарот.
„Американски измамници“ е филм кој беше тотален хит и на годинешниве награди „Златен глобус“, закитувајќи се со повеќе награди, меѓу кои и за најдобар филм во категорија комедија или мјузикл.
Од „Милениум“ за следниот четврток ја најавуваат премиерата на уште еден фаворит за Оскар, „12 години ропство“(12 Years A Slave) и второто продолжение на балканскиот мегахит „Монтевидео, се гледаме!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 просат по улиците
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија