Тројца скопјани физички се пресметале со полицајци. Инцидентот се случил вчера на улицата „Цветан Димов“, кога скопјаните А.У.(37), А.З.(20) и А.Б.(46) физички нападнале двајца полицајци, удирајќи ги со тупаници и влечејќи ги за униформите.
Од МВР информираат дека причина за нападот е тоа што претходно полицајците го сопреле „Мерцедосот” со скопски регистарски таблички, во кое се возеле тројцата скопјани. Набргу по инцидентот лицата биле приведени во полициска станица – Кисела Вода.
-По целосно расчистување на случајот против скопјаните ќе следат соодветни поднесоци, информираат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.