Папата Франциск има намера да објави дел од податоците од архивата на Ватикан, кои се однесуваат на активностите на католичката црква за време на холокаустот.
За списанието „Сандеј тајмс“ пријател на папата, рабинот Аврам Скорк, изјави дека станува збор за активностите на папата Пиј Дванаесетти, кој во времето на холокаустот во Втората светска војна криел Евреи од нацистите и им издавал лажни пасоши.
„Тоа и не е некоја новост“, коментирал шефот на прес-службата на Ватикан, Федерико Ломбарди. Според него, во Ватикан веќе подолго време се планира да се отвори дел од архивата посветена на холокаустот.
Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот со одлука на Генералното собрание на ОН се одбележува од 27 јануари 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.