Темно чоколадо, боровинки и црвено вино помагаат во борбата против дијабетес, од типот 2, тврдат научниците.
Овие три намирници содржат флавонид, кој го регулира нивото на шеќер.
– Мали промени во нормалната диета може да имаат значајни ефекти во резултатите. Една порција боровинки дневно може да помогне во контролирање на нивото на шеќерот во крвта и да спречи срцев удар – изјави Един Касиди од Универзитетот „Ест Ингланд“, водач на проектот.
Во истражувањето учестувале две илјади жени кои воделе дневник за својата исхрана и за нивото на шеќер во крвта кое го мереле редовно. Откриено е дека флавонидот помага во регулирање на нивото на инсулинот, хормон кој ја контролира глукозата во крвтта. Исто така, спречува и хронични воспаленија.
Студијата покажала дека чајот, одредени тревки, целер, јаболки и портокал, исто така, ја содржаат овааа супстанца.
– Оваа супстанца се покажа како многу моќна во борбата против ракот и болестите на срцето. Но, треба да се нагласи дека артикли како чоколадото, црвеното вино или кафето не треба да се користат премногу бидејќи тогаш ќе немаат позитивно влијание – изјави Касади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.