Албанскиот премиер Еди Рама, на својот профил на „Твитер“ напишал дека нема да биде дозволена реализација на проекти кои допираат врз нивните интереси, како што е проектот „Луково Поле“, коментирајќи ги протестите во врска со овој проект кои се одржаа во Тирана.
Албанската опозиција во реакција истакна дека досега не бил доставен никаков проект но и дека каков било проект кој допира до интересите на Тирана не може да почне со реализација еднострано.
Лидерот на десницата и претседател на демократската партија, Лулзим Баша, пак, на својот профил на „Фејсбук“ истакнува дека Рама треба да објасни пред народот што се случува со реката Радика. Според него, неопходно е премиерот да даде целосна транспарентност во Парламентот на Албанија.
Владата на Албанија информираше дека до неа не е пристигнато ниту едно барање од македонската влада за реализација на проектот „Луково Поле“ , со кој се одземаат дел на водите на реката Радика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.