Неодамна излезе од печат втората стихозбирка на Милчо Мисоски со наслов „Записки“.
-Дека Милчо Мисоски навистина живее со книжевноста може да се согледа од неговиот тематски, но уште повеќе од стилскиот пристап кон двете доминантни средишта: моќта на зборот и нијансите на љубовта, вели Тоде Илиевски.
Милчо Мисоски е роден 1972 година во Струга, каде го звршува основното и средното образование. Студира на Медицинскиот факултет во Софија и Скопје, каде специјализира микробиологија со паразитологија.
Бил еден од уредниците на училишниот весник „Јужен бран“ во Охрид. Добитник е на домашни и странски награди и признанија, а неговата поезија е објавувана во повеќе списанија на поранешната СФРЈ.
Во 1991 година ја издава поетската книга „Чекајќи го ангелот“, прогласена на конкурсот на Kнижевна младина на Македонија за најдобра поетска книга од млад автор, која е препеана на српски јазик во издание на Филолошкиот факултет во Нови Сад. Во препев поетската збирка „Чекајќи го ангелот“ е објавен во „Мостови“ во периодот 1993 и 1994 година. Застапен е во антологијата „Поетите од Струга“ приредена од Разме Кумбароски, во издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и во други литературни поетски зборници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.