Известувачот за Македонија Ричард Ховит е под голем притисок по синоќешната расправа во Европарламентот да ги исфрли деловите од сопствените компромисни амандмани во кои бара воведување на двојазичност во земјата и споменува постоење на некаков вид на ултранационализам. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска во Брисел ќе гласа за Резолуцијата за Република Македонија.
Тој во интервјуто за државната МИА Ховит посочува што сакал со посочените амандмани и објаснувајќи дека не бил разбран или лошо било толкувано:
– За двојазичноста, тоа е промовирање на идеја без присила. Само кажуваме дека за такво нешто треба да се размисли. Тоа не е причина за предизвикување на некаков вид на збунетост во земјата. Јас стојам зад тоа дека текстот е јасен и погрешно се толкува. Во политиката треба да слушате што говорат луѓето и ако има недоразбирање, тогаш тоа ќе го поправиме преку орални амандмани.
Слично е и она со ултранационализмот. Текстот е екстремно јасен и тоа на никаков начин не се однесува на земјата или на некој во земјата, туку се однесува на принципите на политиката на проширување на ЕУ и стојам зад тој збор и ако некој намерно погрешно го толкува не и чини услуга на земјата и не гледам никаква забуна во ова.
– На прашањето зошто ги употребив овие зборови, одговорот е оти групата на „зелените” во ЕП ги дадоа сугестиите. Јас како известувач имам обврска да не ги отфрлам предлозите, туку да ги читам и да размислувам да ги вметнам во текстот. А, дали нивниот предлог е правилени и дали воопшто требаше да го дадат истиот, сепак тоа е нивно право и тоа го овозможува демократскиот парламент. За двојазичноста веќе објаснив, додека за ултранационализмот, според моите погледи, поголема штета ќе се нанесе ако им се каже на луѓето во земјата дека национализмот е погрешен оти мислам дека ќе се создаде поголема потенцијална збунетост меѓу тие луѓе кои изразуваат соодветен патриотизам, соодветна гордост во земјата, што може да се нарече национализам. Со прифаќање на тоа што е неприфатливо, што јас и групата на “зелените” го нарекуваме ултранационализам, мислам дека испраќа јасна порака дека соодветен патриотизам е прифатлив, но не и ултранационализмот на сите земји и така и се наведува. Не Македонија, туку секоја земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Левицата полуди од желбата за моќ: Што сакаат од Македонија Ричард Ховит и неговите социјалисти?
-
„Златна Зора” упадна со закани на промоцијата на „Групата на пријатели на Македонија” во ЕП (фото +видео)
-
Вајгл, Ховит, Кукан: Целосно да се спроведе договорот од Пржино
-
Вајгл, Ховит и Кукан на средби во ДИК и Специјалното обвинителство