Судирите меѓу антивладините демонстранти и полицијата продолжија и ноќеска на плоштадот во Киев, а украинскиот претседател Виктор Јанукович упати предупредување дека насилствата претставуваат опасност за целата земја.
Во насилните демонстрации се повредени повеќе од 200 луѓе, меѓу кои и 26 новинари, а уапсени се 31 демонстрант.
Судирите почнаа уште во неделата, а вчера продолжија и покрај ниската температура, која се спушти до минус 10 Целзиусови степени.
Според медиумите, инцидентите во центарот на Киев добиваат сѐ поголеми размери, а учесниците во протестите во центарот на градот направија и катапулт кој планираат да го користат во пресметката со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина