| четврток, 6 декември 2018 |

Сораја и Станија ќе имаат свое реално шоу?

Српските медиуми пишуваат дека старлетите Сораја и Станија добиле понуда од телевизијата „Пинк“ да снимат свое реално шоу во стилот на Ким Кардашијан. Идејата е нив две да ги прати камера 24 часа дневно, а гледачите да решат која ќе победи.

282254_soraja-foto-zoran-ilic_ff

Но иако со сопствено реално шоу би зеле огромна сума на пари, сепак старлетите се премислуваат околу понудата, бидејќи во шоуто ќе треба да покажат буквално сè.

-Сораја не е сигурна дали да ја прифати понудата или не. Условите се добри, но јасно и е дека шоуто ќе биде нож со две острици. Ким Кардашијан се прослави во релано шоу, но таа живее во САД, не во Србија каде секоја постапка се дочекува на нож-вели близок пријател на Сораја.

stanija

Познато е дека помеѓу овие две старлети владее ривалство и нетрпеливост, па токму тоа ќе го направи шоуто уште поинтересно.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top