| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам на насловната страница на „Венити фер“

Сопругата на некогашниот славен фудбалер Дејвид Бекам и дизајнерка, Викторија Бекам, се фотографирала за насловната страница на магазинот „Венити фер“.

Секогаш провокативната Викторија ја дотерала својата линија која во синото трико изгледа мошне заводливо.

Иако многумина во последниов период ја критикуваа Бекам поради нејзината тежина, таа изгледа ги послушала советите, па „фрлила“ некој килограм повеќе. Исто така, Викорија неодамна ја променила својата фризура, па сега има малку подолга коса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top