| четврток, 6 декември 2018 |

Повисоки плати за административците и полицајците,како и нови вработувања во АРМ

Премиерот Никола Груевски пред синдикатите денеска најави една голема и важна мерка со цел подобрување на условите во кои работат нашите бранители.

– Се прават планови за нови вработувања во Армијата, доопремување на Армијата со долгорочен план. Се планира и подобрување на условите во касарните каде што работат овие лица – Груевски.

Исто така, премиерот најави зголемување на платите на полициските службеници и наброја низа други мерки кои се спроведуваат за вработените во МВР.

Груевски го потврди и покачувањето на платите на административните работници за пет проценти.

– Се зголемија платите во јавната администрација. Со новите економски политики, со намалување на даноците, успеавме со помалку даноци да прибереме во Буџетот повеќе пари од претходно. Потврдувам, годинава вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од 5 отсто од септемвриската плата – рече Груевски.

Тој денеска истакна дека Владата на Република Македонија ќе изработи законско решение за зголемување на минималната плата од досегашната, која изнесува 8.050 денари, на 10.080 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top