Ракометарот Бранко Ангеловски, видно разочаран по поразот од Исланд, очекува анализа за направеното не само на денешниот натпревар туку воопшто за првенството.
– Не знам што да ви кажам. Многу сум разочаран. Имавме одлично отворање на натпреварот. Се вративме во вториот дел, но поради една лоша замена, сето тоа го загубивме – изјави разочарано Ангеловски.
Алудирајќи на честата реченица, која ја кажуваше поранешниот селектор Звонко Шундовски, кој ја предводеше Македонија до петтото место на првенството во Србија пред две години, репрезентативниот бек дополни дека со студени глави мора да се направи анализа.
– Криво ми е што лесно го продадовме петтото место на претходното првенство, сега навистина ни фали „клавајте голови“, можеби така ќе бевме најмалку осми – изјави Ангеловски по мечот со Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.