| четврток, 6 декември 2018 |

Секси Бразилки во Сао Паоло

Карневалот Сао Паоло почна со танцот на илјадници изведувачи на традиционалната самба, на кои не им пречеше ниту дождот врз овој мегалополис на југот од Бразил. Седум школи на самба, кои се натпреваруваат во креативноста, ја отворија свеченоста во разиграниот ритам на тапаните и во шарените блескави костими со перја, а со поворката минаа по самбадромот во Сао Паоло.Натпреварувањето за титулата најдобра школа за самба ќе трае до понеделник. Секоја школа ќе се претстави со по четири илјади танцувачи.
Карневалот во Сао Паоло кој пред 20 години востанови „амбасада на самбата” не е познат како оној во Рио Де Жанеиро, но секоја година е сѐ подобро организиран и сѐ повеќе се шири.

 

Фотогалеријата можете да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top