| четврток, 6 декември 2018 |

Мештаните и локалните полицајци ја спасија гимназијата во Ростуше од пожар

Со брза реакција на неколкумина жители на долнореканското село Ростуше и вработени во полициското одделение, локализиран е и изгасен огнот, кој го зафатил покривот на средното општинско училиште.

Според првичните информции од СВР Тетово, во пожарот немало повредени. Огнот на покривот, бил забележан околу 14:30 часот, по што полицајци со против-пожарни апарати почнале со гасење во потпокривот.

Со помош на дваесетина мештани, за неполн час тие успеале да го локализираат, недозоволувајќи огнот да се пренесе на останатите простории на објектот и на соседниот објект во кој е сместена локалната самоуправа.

Причините за опожарувањето ги истражуваат инспектори од СВР Тетово, а повикани се и пожарникари од Дебар за да спречат неочекуавно ширење на огнот.

Опожарувањето не предизвикало посериозни последици и за среќа настанало во време кога наставата била завршена, а учениците и наставниците заминале дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top