Судот во Германија донесе одлука дека шефовите имаат право да им наредедат на вработените да носат градник на работното место. Тоа не е сè, според истата одлука, тие исто така можат да им ја одредат должината на ноктите на своите вработени и да бараат нивната коса е чиста и уредна.
Мажите смеат да имаат брада, но шефот има право да бара таа да биде уредна, а не да личат на Робинзон Крусо после бродоломот, пишува „Дејли мејл“.
Станува збор за државниот суд во Северна Рајна-Вестфалија, чија одлука ќе важи за сите работни места во најнаселената област во Германија.
– Задолжитеното носење на градник и нокти пократки од половина сантиметар, не се повреда на личните права – заклучи судот во Келн.
Градниците можат да бидат во било која боја, но според судот не смеат да се проѕираат преку облеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.