| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци се родени да бидат шефови

На патот до успехот маните не им пречат, па личностите родени во овие два хороскопски знака обично се доста познати и успешни… Дали е во прашање положбата на планетите кои го одредуваат полето на успехот во животот и способноста на раководните позиции, не е познато, но овие два хороскопски знаци дефинитивно се најдобри кога се работи за лидерска позиција. Тие се родени лидери, авторитети, а со тоа и доста способни и знаат од своите подредени да го извлечат максимумот. И тие имаат по некоја маана, но на патот до успехот не им пречи, па личностите родени во овие два знака обично се познати и успешни.

Најизразени црти на водич во себе поседува Овенот. Главна карактеристика му е динамичноста, еланот и креативноста, но најголем проблем често претставува неговата тврдоглавост, промена на расположение и раздразливоста. Припадниците на овој знак се многу јасни во нивните барања, и ги поттикнуваат нивните вработени да го дадат најдоброто од себе, но со своите непромислени изјави можат да ги понижат и повредат. Оние кои се слични на нив имаат добар однос, но со оние кои се повлечени како работници – ним им следува ноќна мора.

Поради својата доминантна природа, Јарецот е роден за позицијата шеф! Сакаат ред, работа и дисциплина па уживаат да ги обучуваат своите вработени.Немаат страв од губиток на позицијата бидејќи се уверени дека се незаменливи, што дури е и можно поради нивната работохоличарска природа. Главна карактеристика им е способноста да го извлечат најдоброто од другите, како и да се изборат за подобра плата за сите, а маани им се тврдоглавоста, нечувствителноста и уверението дека сами знаат најдобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top