| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на ЕП: Ги колеме Австријците како нацистите во 1938 година

Коментаторот на исландската телевизија, Бјорн Браги Арнарсон, добрата игра на својата репрезентација ја спореди со нацистичките колежи од 1938 година:

– Ги колеме Австријците како нацистите во 1938 година –  рече несмасниот коментатор.

Ваквиот коментар предизвика лавина реакции на гледачите, а особено беа бесни Австријците, кои навестија и тужба против Арнарсон.

– Господинот Арнарсон се извинува поради неодговорниот коментар на полувремето од средбата меѓу Исланд и Австрија. Тој искрено жали ако повреди нечии чувства и јасно му е колку погреши. Од негово и од името на целата редакција на телевизија РУВ, се извинуваме – објавија од телевизијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top