| четврток, 6 декември 2018 |

Алфите добија нови решенија за работа и признанија

Припадниците на поранешната Единица за борба против криминалот денеска добија нови решенија за работа. Oваа единица сега е преименувана во Единица за прв одговор и интервенција – „Алфа“ и  доби признанија за успешно извршената работа во изминатите девет години.

– Алфите го добија статусот кој одамна го заслужуваат. Ризикот со кој се соочувате е голем, но вие покажавте на дело што значи храброст и сите треба да знаат дека вашата пожртвуваност се вреднува – посочи министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која им се обрати на припадниците на оваа единица.

Министерката истакна дека одлуката за доделување на нови решенија на 128 припадници е оправдана бидејќи алфите во изминатите девет години многупати докажале дека ги бранат интересите на граѓаните.

Припадниците на единицата за прв одговор и интервенција ги поминале последните психофизички тестови и контроли.

Во деветгодишното постоење, алфите привеле 17.052 лица од кои над 3.000 поради нарушување на јавниот ред и мир, над 680 за нелегално поседување на оружје, 3.528 поради поседување наркотични средства и над 2.800 за царински прекршоци и други кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top