Премиерот Никола Груевски пред синдикатите денеска најави една голема и важна мерка со цел подобрување на условите во кои работат нашите бранители.
– Се прават планови за нови вработувања во Армијата, доопремување на Армијата со долгорочен план. Се планира и подобрување на условите во касарните каде што работат овие лица – истакна Груевски.
Исто така, тој потсети дека Владата работи на една важна и клучна мерка, професионалните војници по својата 45-годишна возраст, откако ќе ја напуштат службата, да бидат вработени во државна служба.
Тие ќе имаат решение, редовно ќе бидат вработени, ќе земаат плата додека не ги исполнат условите за пензија.
„АРМ мој вистински дом“ создава можност за решавање на станбеното прашање на припадниците на Армијата, се подобруваат условите за работа, отворено е училиште за пилоти. Ова се само дел од мерките спроведени од оваа Влада за оваа категорија лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.