Македонската Влада подготвува фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, со што во претстојниот период ќе покаже силна грижа кон наставниот кадар, најави премиерот Никола Груевски обраќајќи се пред претставници на синдикатите во Домот на АРМ.
– Наскоро Владата ќе излезе со стипендии за наставници кои ќе се запишат на најдобрите топ 200 универзитети во светот. Додека таму се образуваат, нивниот работодавец е задолжен овде да им го чува работното место. Наскоро ќе започне и ќе биде објавена многу важна реформа. Македонските училишта ќе имаат соработка со училишта од други земји за размена на наставен кадар – рече Груевски.
Додаде дека реформата за педагошките факултети ќе биде стимулирачка и мотивирачка за учениците да се запишуваат на овие факултети.
Премиерот најави и почеток на соодветна кампања за подигнување на свеста кај децата и кај родителите за значењето на учителите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски