| четврток, 6 декември 2018 |

Митрополит Тимотеј: Не го фрлав крстот поради болест, не поради премиерот

водици 11Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, од здравствени причини вчера не беше на пристаништето во Охрид за да ги освети водите на Охридско Езеро и да го фрли крстот, онака како што правеше со години.

– Постоперативно се чувам од болести, грипови и настинки, колку што можам – изјави г. Тимотеј за „Република“.

Митрополитот, кој неодамна беше подложен на оперативен зафат, ги отфрла шпекулациите дека неговото отсуство се должи на посетата на премиерот Никола Груевски. Всушност, тоа се поврзува со несогласувањата околу земјиштето за инвестицијата на Субрата Рој кога г. Тимотеј порача дека не дава ни милиметар црковна земја. Владиката Тимотеј вчера богослужел во црквата „Света Богородица Каменско“ во Охрид, каде што, како што вели, имало помала опасност од заразни болести.

– Премиерот се најави пет дена претходно дека ќе присуствува, а јас ангажирав замена еден месец пред Водици. Тоа се новинарски глупости, зар ако премиерот дојдеше во црквата, јас ќе излезев од неа? – прашува митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top