| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец нападнал полицаец

Струшката полиција поднесе кривична пријава за 41-годишниот А.А. од Струга заради основано сомнение дека извршил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, настанот се случил на 18 јануари околу 14 часот на пресекот на улиците „15 Корпус“ и „Владо Малески“ во централното градско подрачје во Струга.

– Полициски службеник вршејќи контрола на сообраќајот прописно сопрел патничко моторно возило марка „цитроен-Ц 5“ со скопски регистарски таблици и од возачот побарал возачки документи. Во следниот момент, вербално реагирал пријавениот А.А. кој бил сопатник и на полицискиот службеник на висок тон му се обратил, велејќи му дека нема потреба од контрола бидејќи возилото било службено – вели Димоски.

Како што додава тој, револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот излегол од патничкото возило и физички го нападнал сообраќајниот полицаец удирајќи го со рака по лицето, при што му нанел расекотини и црвенило.

По консултација со јавен обвинител, пријавениот  веднаш бил повикан во полициската станица во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top