Џими Севил се сомничи за силување и за сексуално злоупотребување на околу илјада момчиња и девојчиња, а за злосторствата на овој познат ТВ-презентер знаеле многу колеги од „Би-Би-Си“, но го прикривале.
Злосторства на ѕвездата на „Би-Би-Си“ Џими Севил, кој почина во 2011 година на возраст од 84 години, длабоко би можеле да ја потресат оваа медиумска куќа. Следниот месец ќе биде подготвен извештајот, но во многуте конкуренти медиуми веќе се пишуваат некои детали.
Извор близок до истрагата тврди дека ретко кога Севил имал „тивок ден“ во текот на неколкуте децении, колку што работел за „Би-Би-Си“.
Питер Сондерс, главниот извршен директор на Националната асоцијација за луѓе злоупотребени во детството, тврди дека Севил бил под заштита на луѓето, кои требало да алармираат за неговото однесување.
– Слушнав многу од жртвите во изминатите 18 месеци, а застрашувачки е тоа што многумина околу Севил знаеле за неговото однесување – вели Саундерс.
Тој верува дека познатиот водител бил заштитен од самиот почеток.
Саундерс смета дека податоците за 1.000 жртви се вистина. Според извештајот, 73 проценти од жртвите биле деца, најчесто на возраст меѓу 13 и 16 години. Најмлалата жртва имала само осум години. Некои од злоупотребените деца учествувале во емисиите на Џими Севил, а злоупотребувањето се случувало во просториите на медиумската куќа.
Истражителите се сомневаат дека познатиот водител не бил дел од педофилски синџир туку дека сам ги пронаоѓал своите жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Шок: Познат водител почина на 39 години
-
Барал голи фотографии од девојче (14), а сега е старател на Јана – откриена мрачната тајна на Марјановиќ!
-
Новинарка уловила хрватски педофил: Дојди кај мене во скут, ќе ти дадам 50 куни