| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко употреби тупаници и на протестите во Киев

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Витали Кличко синоќа ги вкрсти тупаниците и на протестите во Киев. Кличко, кој е еден од водачите на опозицијата на протестите против украинската влада, се најде во судир со група агресивни демонстранти кои го нападнаа полицискиот кордон со стапови во обид насилно да влезат во зградата на парламентот. Насилствата следуваа по мирниот марш на илјадници Украинци на главниот плоштад во Киев, кој е дел од антивладините демонстрации.

Дел од насилните демонстранти, кои носеа и гас-маски, употребија шок-бомби, противпожарни апарати и пиротехнички материја што предизвика вистински хаос меѓу толпата на улиците во Киев.  

Погледнете како изгледаше обидот на Кличко да се справи со насилниците:

klicko klicko2 klicko3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top