| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија пат“: Внимателно по клисурите и усеците

pat lizgavСообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.

По клисурите и усеците, како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“ можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top