| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за камиони на Пресека

straza_zabrana

­Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планискиот превој Пресека, информира ЈП Македонија пат.

Забраната е воведена во 18 часот.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека и Ѓавато, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица ­ Делчево, Виница ­ Берово, Гостивар ­ Стража, Маврово–Дебар­ Струга, Демир Капија – Удово, Катланово­Велес, Крушево ­ Демир Хисар и Ресен ­ Буково. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top