Исламистичка милитантна група од северен Кавказ презеде одговорност за неодамнешните самоубиствени напади во Волгоград и постави на интернет видео снимка во која се заканува со нови напади за време на Зимските олимписки игри во Сочи.
Во нападите беа убиени 34 луѓе. На видео-снимката двајца мажи кои седат до црни транспаренти со натписи на арапски јазик, на руски јазик го предупредуваат претседателот Путин дека ако ЗОИ бидат одржани, „ќе му дадат подарок за сета крв на невини муслимани пролена во светот“. Во предупредувањето се додава дека „подарокот ќе биде врачен и на туристите“ кои ќе дојдат на игрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Поранешното момче пет месеци ѝ се заканувало дека ќе ја убие
-
Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)