Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го претставила туристичкиот потенцијал на Македонија на тридневниот најголем нордиски саем за туризам „Матка“ (Matka) во Хелскинки, Финска. Од таму велат дека настапот бил успешен, судејќи според пофалбите од потенцијалните туристите и од најголемите тур- оператори во Финска и нордиските земји.
– На состанокот со локалниот тур-оператор, кој оперира со чартери во соседните земји и кој веќе ја има Македонија во своите пакет-аранжмани со комерцијалните летови уште од 2007 година „Naantalin Matkakaupa“ им беа претставени бенефициите кои им ги нудиме како држава и беше разговарано за можноста за поставување чартер-летови. Исто така, беше разговарано и со други големи и важни тур-оператори како Аполо, Компас Скандинавија, Ауринкоматкат и изненадувачки беше тоа што ни испратија пофалби и нѐ охрабрија дека со тоа што вложуваме во маркетинг, со настап на повеќе саеми со добро подготвен промотивен материјал така и со рекламните спотови на телевизија сме успеале да допреме до многу поголем број туристи што резултира со изразено поголем интерес за Македонија во новите компании – вели Никола Костадинов, претставникот на Агенцијата.
Саемот во Хелсинки е третиот интернационален саем за туризам од предвидените 16 за оваа година на кои Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Турскиот млазен авион „Хурџет“ претставен на авиосаем во Велика Британија