Селектори на неколку фудбалски репрезентрации се сомневаат во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во изборот за најдобар фудбалер за минатата година.
„Златната топка“ за 2013 година ја доби Кристијано Роналдо пред Лионел Меси и Франк Рибери, но веднаш по доделувањето на наградата се појавија обвинувања дека ФИФА го наместила овој избор.
Селекторите на Боливија, Албанија, Екваторијална Гвинеја Доминиканска република, Кувајт, Фиџи и Ванутата тврдат дека гласањто е наместено.
– Мислам дека овде е некое недоразбирање, не сакам да кажам дека е измама, иако тоа е вистинскиот термин. Беше објавено дека сум гласал за Лионел Меси. Но не е така. Јас гласот го дадов за Златан Ибрахимовиќ – изјавил селекторот на Кувајт Хорван Виеира.
ФИФА тврди дека селекторот на Кувајт најмногу гласови дал за Меси, па за Неимар и на крајот за Роналдо. На неговата листа за гласање го немало Ибрахимовиќ.
Селекторот на Албанија Џовани ди Бјази исто така вели дека гласовите се изменети.
– Дадов 5 бодови за Роналдо, 3 за меси и 1 за Ибрахимовиќ. Но ФИФА објави други гласови. Не знам што се случува – изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.