| четврток, 6 декември 2018 |

За маската „Функционер“ буре од 40 литри со „Вевчанска керф“

VEVCANI-4

Маската „Функционер“ на друштвото Сокачар е избрана за најдобра и најкреативна групна маска на годинешниот Вевчански карневал, соопшти организаторот. Во гласањето учестуваа новинарите. Победникот ја добри наградата – буре од 40 литри со „Вевчанска керф“.

Покрај „Функционер“ во тесниот избор беа и „Есма“, „Пензионерите на скии“, како и „Субрата Рој“. Инаку, доделувањето награда за најдобра групна маска е традиција, која по пауза од неколку години повторно се воспоставува во Вевчани.

Наградата ја додели градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриноски, заедно со претседателот на Советот на Општина Вевчани, Борче Размоски, со кого наградените ја имаа и првата здравица од бурето со вино.Овогодинешните маски од карневалот, освен што го привлекоа вниманието на домашната јавност, се појавија и во многу познати светски медиуми, како „Вашингтон пост“, „Ројтерс“…

Вевчанскот карневал, кој се одржа од 10 до 14 јануари, понуди досега најбогата културно-забавна програма и имаше рекордна посетеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top