| четврток, 6 декември 2018 |

Ново училишна зграда во Кичево

кичево

Во Кичево денеска беше пуштена во употреба нова училишна зграда, а на свечениот чин присустуваше и Емрула Ишлер, вицепремиер на Република Турција.

Зградата е на три ката, со 12 училници и со  придружни административни објекти, а е изградена со средства од турската владина организација ТИКА.

Новиот училиштен објект, кој е во склоп на гимназијата „Мирко Милески“, го носи името „Мехмед Аки Ерсој“. Во него, наставата се одвива на турски, но и на македонски и албански јазик.

На свеченоста се обрати вицепремиерот Ишлер, кој истакна дека ваквите проекти се многу значајни, особено во образованието бидејќи младите се иднината на државата.

Тој се осврна и на пријателските односи меѓу Република Турција и Република Македонија, при што својот говор го заврши со фразата „Силна Турција – јака Македонија“.

Пред присутните ученици и граѓани се обрати и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, кој изрази благодарност до турската влада, која покрај објектот што денеска е пуштен во употреба има изградено и многу други инфраструктурни објекти во општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top