
Телевизор, компјутер, лаптоп, шпорет, фрижидер, машина за алишта – секоја година вредни подароци за оној кој прв ќе дојде до крстот што на големиот верски празник Водици се фрла во водите ширум земјава. Кога дневниот весник „Вечер“ беше организатор на манифестацијата во Скопје, оној што прв ќе го фати крстот само од организаторот добиваше „Се за дома“ – телевизор, фрижидер, шпорет и машина за перње, а дополнителна награда следуваше од кумот, од градоначалникот. Како растеа наградите така растеше и бројот на оние кои се пријавуваа за скокање во водите на Вардар.
И годинава се случи она што верниците најмалку го посакуваа – драма на Водици. Пријавените скокачи предвреме влегоа во водите на Вардар, и додека г.г. Стефан се уште ја кажувше молитвата, скокачите почнаа да се прскаат со вода, да креваат врева. Замолени да излезат од реката Вардар тие направија само еден чекор наназад, што ги налути свештените лица.
-Од следната година подароците ќе бидат сведени на минимум. Ќе се дава само икона и секако, крстот што најсреќниот ќе го фати.
Даниел Дончевски е последниот што ќе добие подароци и награда во пари. Тој од кумата доби плазма телевизор Однесувањето на учесниците оваа година го запечатија дарувањето за наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


