
Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, им го честита христијанскиот празник Богојавление Христово – Водици, на сите православни верници од негово лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз.
„Симболиката на овој празник нека ги зближи и обедини луѓето. Во нашето секојдневие да завладее меѓусебната трпеливост и слога, бидејќи преку нив ќе овозможиме среќен и благодетен живот. Вредностите кои ги споделуваме да ни дадат сила за да продолжиме со посветена и одговорна работа. Овој голем празник нека биде за сите нас уште еден силен поттик да живееме во мир и слога. Со искрени души и чиста мисла, да се залагаме за почитување на вистинските вредности и воедно да се стремиме кон соживот и разбирање со блиските, но и различните од себе. Нека ни е честит празникот Водици“, им порача Заев на верниците.
Денеска делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар, Оливер Спасовски, присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици на брегот на Охридското Езеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


