| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет војници загинаа во експлозија на бомба во Пакистан

Antifascists protest during a rally in the memory of Sahzat Lukman, from Pakistan, murdered by racists last year

Загинаа 20 војници, а ранети се над 30 во експлозија на бомба во северозападен Пакистан, чија цел бил воен конвој. Нападот се случил денеска во градот Бану, во близина на племенскиот регион Северен Вазиристан, кој е засолниште на талибанците и екстремистите, поврзани со Ал Каеда.

– Се обидуваме да ја утврдиме вистинската природа на експлозијата, односно дали станува збор за однапред поставена експлозивна направа или за самоубиствен напад, изјави висок претставник на силите за безбедност.

Тој додаде дека експлозијата одекнала во едно од возилата на конвојот, при што загинале 20 војници, а ранети се повеќе од 30. Бомбата експлодирала во едно од цивилните возила, кое било изнајмено за транспорт на војниците.

Конвојот се подготвувал да го напушти местото Размак во Северен Вазиристан, каде се случила трагедијата.

Одговорноста за нападот ја презедоа пакистанските талибанци.

– Ние го извршивме нападот во рамки на борбата против секуларниот систем и планираме уште такви напади, изјави портпаролот на пакистанските талибанци, Шахидулах Шахид.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top