
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан во која на членовите на Светиот Архиерејски Синод и на сите православни верници им го честита големиот крстијански празник Богојавление-Водици.
– Празнувањето на Богојавление – Водици го симболизира зачетокот на човековото живеење во верата, неговото духовно раѓање и прочистувањето на човековата душа. Со осветување на водите го продолжуваме Христовото учење, преку кое треба да се обединиме, да водиме мирен и спокоен живот и нашата верба да биде силата со која ќе ги издржиме сите предизвици и искушенија, вели Вељаноски во честитката.
Денес, истакнува Вељаноски, православните верници во Македонија го одбележуваат крштевањето на водите која е вековна традиција и која ги зближува и обединува луѓето. Така треба и да продолжиме понатаму, да се поддржуваме и да чекориме сигурно по патот на нашата заедничка цел, а тоа просперитетна иднина за генерациите што следат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите


