| четврток, 6 декември 2018 |

Истанбул: растерани протестите против контрола на интернет

туркиеИстанбулската полиција ги растера демонстрантите кои протестираа против засилената контрола врз интернет просторот. Во четвртокот парламентот на Турција го усвои законот за поголема државната контрола врз интернет просторот. Особено, регулаторните тела ќе имаат можност да ги фиксираат сите дејствија на корисникот на мрежата, блокирајќи клучни зборови коишто се наведени на листата опасни изрази. Дел од турската популација, особено помладите генерации, остро ги критикуваа оваа новите прописи. Властите, од своја страна, сметаат дека законот ќе ја заштити приватноста на луѓето и ќе ги блокира опасните и навредувачките страници, како на пример, од порнографски карактер или коишто содржат промовирање на сексуалното насилство над децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top