| четврток, 6 декември 2018 |

Јакнење на земјодeлството-тема на Берлинскиот самит на ресорните министри

земјоделиеВо фокусот на  Шести Берлински самит на министри за земјоделство, во рамки  на Глобалниот форум за храна и земјоделство, беше зајакнување на земјоделството кон подобрување на здравјето и обезбедувањето доволно и соодветна   храна за населението.

Министрите се согласија дека достапноста до соодветна и разновидна храна за секој жител на планетата  е предуслов за постигнување на оваа цел. Воедно се согласија дека земјоделството е стожер, бидејќи ги поставува темелите за производство на доволни количини здрава храна.

Реалната ситуација во светот е зголемување на недостигот на употребливи природни ресурси, негативното влијание на климатските промени, екстремните природни катастрофи и губењето на биолошката и генетската разновидност, како и плодност на почвата, што спречуваат потенцијалот на земјоделството целосно да биде искористен.

Исто така, економската и финансиската криза, како и зголемената нестабилност на земјоделските пазари, предизвикуваат несигурност. Сите овие фактори го загрозуваат понатамошното инвестирање во земјоделството, што за возврат може да ја намали ефикасноста на целиот систем на храна.

За справување со овие предизвици, министрите за земјоделство се договорија дека мора да има соработка и партнерство меѓу политиката, општеството, индустријата и науката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top